VT iRepair - шаблон joomla Авто

w5

 

 

 

 

 

 

Даркос е основана во 1990 година. Оттогаш постојано работиме на развивање на нашите производствени капацитети и човечки капитал и како резултат на тоа бележиме проширување на палетата на производи и зголемени производствени капацитети

 

 

Во 2011 година се стекнавме со сертификат ISO 9001:2008 Sertifikat za kvalitet

Во 2012 година започнавме со производство на трансмисии за трактори

Даркос ДООЕЛ е компанија сертифицирана за ISO 9001:2008. Таа е познат производител, извозник и снабдувач на индустриски запченици, редуктори и делови по нарачка. Изработуваме конусно назабување со прави заби или со завојни заби, брусење на заби од запченици, внатрешно назабување, тристепени редуктори, вратила, воздушни кочници, куќишта и многу други индустриски производи со различни спецификации. Исто така, работиме поправки или измени на постојни производи, согласно со потребите на клиентите. Нашата компанија може да изработи и производи по нарачка, за коишто претходно може да изготви и техничка документација.

Нашите производи се користат во челичната индустрија, рударството, земјоделската механизација (како трактори и други земјоделски машини), индустријата за производство на цемент, рафинериите (за преработка на нафта), во текстилната индустрија, за електрани, машински алати итн.

Посветени сме на постојан развој на производството и на човечките ресурси. Притоа, постојано и системски ги подобруваме внатрешните процеси, што, пак, ни овозможува подобра комуникација при анализите и истовремено ни овозможува развивање на долгорочни и успешни партнерства. Разноликоста на производствениот асортиман ни помага да му го понудиме најдоброто можно решение на секој наш клиент, а притоа тоа да биде најефикасно и најевтино.